Амбасадорката на САД во Украина, Бриџит Бринк, ги осуди денешните ракетни напади. Таа изјави дека Русија се обидува да ја казни Украина затоа што се осмели да биде слободна со започнување нови сурови напади низ целата земја.
Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени во денешниот руски ракетен напад на Киев, соопштија локалните власти, пренесува Гардијан.
Шефот на регионалната воена администрација Олексиј Кулеба изјави дека целиот регион на Киев е без електрична енергија по воздушните напади на Москва насочени кон критичната инфраструктура на Украина.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека водоснабдувањето на градот е прекинато.
Денеска Русија повторно истрела ракети во делови на Украина погодувајќи најмалку една инфраструктурна цел во Киев, на чија периферија одекнаа силни експлозии.
За цела Украина е издадено предупредување за воздушен напад, а украинските медиуми јавуваат за операција на противвоздушната одбрана во повеќе делови од земјата, но засега нема информации за жртви. Дописниците на Ројтерс во и околу Киев потврдија дека слушнале неколку силни експлозии.
Локалниот снабдувач со енергија објави дека во Киев започнале итни прекини на струјата.
Западниот дел на украинскиот град Лавов е без струја поради новите руски напади, поради кои „масовни“ прекини на електрична енергија има и во соседна Молдавија, иако земјата не е директно погодена во денешниот ракетен бараж на руските сили врз Украина.
Амбасадорката на САД во Украина, Бриџит Бринк, ги осуди денешните ракетни напади. Таа изјави дека Русија се обидува да ја казни Украина затоа што се осмели да биде слободна со започнување нови сурови напади низ целата земја.
„Ние стоиме со Украина“,
напиша амбасадорката Бринк на Твитер.
More cruel missile strikes across the country as Russia tries to punish Ukraine for daring to be free. I have seen the strength of the people of Ukraine, and I know Russia’s attempt to dominate Ukraine by plunging it into the cold and dark will fail. We stand with Ukraine.
— Ambassador Bridget A. Brink (@USAmbKyiv) November 23, 2022