Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во интервју за ТВ 24 изјави дека најголем број од новодијагностицирани случаи со коронавирус се од оние лица кои се во самоизолација.
Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека тоа се случаи кај кои има идентификуван контакт и коишто во меѓувреме развиле симптоми.
Вкупно во земјава од 26 февруари кога беше регистриран првиот случај, има 1 300 заболени од ковид-19. од нив досега починаа 56 луѓе, а 301 се излечени, што значи дека активни се 941 случај.
Од нив во болниците во земјава се лекуваат 108 пациенти, од нив 12се на респиратор.