Решението, како што посочи министерот, е привремено, но изрази надеж дека ќе биде долгорочно доколку, како што рече, сите страни го почитуваат договорот и законите во државата
Претходно денеска, по ова прашање се произнесе и Народниот правобранител, кој апелираше до надлежните институции, пред сѐ до ЕВН и до Министерството за внатрешни работи веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што дотокот на струја до општина Арачиново би бил нормализиран
Министерот за економија Крешник Бектеши преку фејсбук-статус информира дека во координација со градоначалникот на општината Арачиново и раководството на ЕВН, најдено е привремено решение за прашањето за снабдување со електрична енергија на жителите на оваа општина.
„Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза“,
напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.
Претходно денеска, по ова прашање се произнесе и Народниот правобранител, кој апелираше до надлежните институции, пред сѐ до ЕВН и до Министерството за внатрешни работи веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што дотокот на струја до општина Арачиново би бил нормализиран.
До канцеларијата на Народниот правобранител, како што информираа оттаму, била доставена претставка од група граѓани, жители на Општина Арачиново, кои наведуваат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошена електрична енергија, во услови на економска криза, трпат големи материјални штети.
Велат дека им им се расипува храната складирана во фрижидерите, но и дека не се во состојба да одржуваат лична хигиена. Со одложување на санирањето на дефектот, се жалат дека се дискриминирани.
Како што објави Алсат, од ЕВН велат дека последниот дефект во Општина Арачиново се појавил во понеделникот наутро и оти е последица на континуираното незаконско користење струја од страна на жителите.