За време на денешниот протест демонстрантите повторни ги упатија барањата за кои велат дека нема преговарање. Велат дека листата со барања е составена по предлози добиени од граѓаните што учествуваат на протестите

Албанија го живее 40-тиот ден откако почнаа масовните протести кои прераснаа во едно од најдолгите граѓански движења од осамостојувањето на земјата.
Четириесет дена по ред граѓани се собираат секоја вечер пред кабинетот на премиерот Еди Рама со истите повици што се слушаат уште од почетокот – „Рама во затвор, Бериша во затвор“, „Рама поднеси оставка“ и „Нова Албанија“.
За време на денешниот протест демонстрантите повторни ги упатија барањата за кои велат дека нема преговарање. Велат дека листата со барања е составена по предлози добиени од граѓаните што учествуваат на протестите.
- Неотповиклива оставка на премиерот Еди Рама и целиот владин кабинет
- Создавање преодна техничка влада која ќе биде непартиска и ќе има јасен 12-месечен мандат
- Нов Устав кој ќе гарантира целосна еднаквост на граѓаните пред законот и ќе биде одобрен со народен референдум. Барањето за ваква уставна реформа предвидува:
– Измена на Изборниот законик;
– Измена на Законот за финансирање политички партии и организации;
– Ограничување на мандатот на премиерот на не повеќе од два мандата (целосни или делумни) во текот на целиот политички живот на поединецот. - Неоткажување од почетните економски и еколошки барања кои итно подразбираат:
– Поништување на измените на Законот за заштитени подрачја;
– Поништување на измените на Законот за културно наследство;
– Поништување на законскиот пакет познат како „Планински пакет“;
– Поништување на статусот и правната рамка за стратешки инвестиции.
На протестот беше побаран нов општествен договор меѓу граѓаните и државата кој ќе биде изготвен преку консултации со интелектуалци, технички експерти и непартиски граѓани.
„Фламинго револуцијата“ започна кон крајот на мај како еколошки протест, но се претвори во голем граѓански бунт против политичкиот систем.
