На синоќешното убиство во кумановското село Липково му претходела вербална расправија и физичка пресметка во која 43-годишниот Б.С. со нож го прободел неколку пати во градите Ј.С., исто така на 43-годишна возраст.
Ова го пишува во денешниот полициски билтен за убиството за кое објавивме синоќа.
Б.С. е приведен, а телото на убиениот е дадено на обдукција.
Случајот во полиција го пријавил доктор од Јавната здравствена установа – Куманово откако Итната медицинска помош го одела починатиот таму.