Министерството за внатрешни работи информираше дека за протестот во населбата Ченто, вечерта на 13 април, во полиција повикале дел од учесниците во настанот на разговор.
„До овој момент од страна на СВР Скопје беа поднесени кривични пријави за три лица, за што веќе ја информиравме јавноста, а дополнително од нивна страна беше извршено идентификување и беа повикани на разговор 21 лице кои учествувале во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето, со што сториле кривично дело“,
соопштија од МВР.
Оттаму велат дека во следниот период ќе продолжат со обезбедување на докази за останатите лица и за сите кои постапиле спротивно на законот ќе се поднесат кривични пријави.
Вечерта на 13 април три лица беа приведени, меѓу кои и советник во Општина Гази Баба од редовите на СДСМ, а потоа група нивни сожители излегоа на протест во текот на полицискиот час.
Како причина за приведувањето на трите лица се споменува дека тие за време на полициски час поставувале т.н. лежечки полицаец на улицата.
*Поврзани вести:
Тројца жители на Ченто приведени дека го кршеле полицискиот час, десетици излегоа на протести
Чулев: Инцидентот во Ченто има политичка заднина
Казна од 15 000 евра за три лица поради протестот во Сингелиќ за време на полициски час