Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 121 лице ја прекршило забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи.
Од нив, приведени се 92 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни казни.
Во текот на изминатиот ден, на цела територија на државата на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација.
МВР додава дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација.