Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава се преземени соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници
Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода С. Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б. Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, информираа од МВР.
Како што пријавил снимателот, денеска, додека заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.
Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Како што веќе објавивме, екипа на ТВ Алсат денеска била нападната во Старата скопска чаршија додека ги извршувала своите работни задачи. Двете новинарки и снимателот прво вербално, а потоа и физички биле нападнати од сопственик на една од продавниците во Старата чаршија.