Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата
Полицијата, по претходно добиена судска наредба, денеска извршила претрес во викенд-куќа во општина Чучер Сандево, кај С. Н.
Како што соопшти МВР, за време на претресот во објектот биле затекнати и Х. С. и Г. Г. При тоа, кај Г. Г. била пронајдена прашкаста материја, а во стара куќа сместена во дворот била пронајдена грутчеста материја.
„Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“,
соопштија од полицијата.