Во последните 24 часа, 84 граѓани не го почитувале полицискиот час, соопшти МВР.
Од нив 67 биле приведени, а за останатите се земени податоци и за сите ќе следуваат соодветни пријави.
Во изминатото деноноќие, наведуваат од МВР, на 31 лице се издадени решенија за изолација, додека изјави за самоизолација потпишале 43.
Од оние кои веќе се во изолација и самоизолација, не се евидентирани прекршувања на мерките.