Во текот на изминатото деноноќие 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 21 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Исто така, според статистичките податоци на МВР, за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.
При контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.