Како што се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата на лидерите на Алијансата се разгледуваат клучни прашања поврзани со зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, споделувањето на товарот меѓу сојузниците, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија и актуелните регионални безбедносни предизвици
На маргините на Самитот, Муцунски оствари средба со министерот за надворешни работи на Холандија, Том Берендсен. Двајцата соговорници разговараа за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за соработката во рамки на НАТО
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествува на Самитот на НАТО што се одржува во Анкара, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Учество на Самитот Муцунски има на покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Како што се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата на лидерите на Алијансата се разгледуваат клучни прашања поврзани со зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, споделувањето на товарот меѓу сојузниците, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија и актуелните регионални безбедносни предизвици.
Меѓу темите на Самитот се и реализацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг, особено во делот на потребата од издвојување доволно средства за одбраната и зајакнување на одбранбената подготвеност на земјите членки.
На маргините на Самитот, Муцунски оствари средба со министерот за надворешни работи на Холандија, Том Берендсен. Двајцата соговорници разговараа за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за соработката во рамки на НАТО.

порача
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во изјава за медиумите пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет во рамките на самитот на НАТО во Анкара, порача дека е потребно повеќе кантијанизам отколку макијавелизам, наведувајќи што значи за неа мотото „Посилна Европа, посилно НАТО“.
Предвидено е Сиљановска-Давкова да има обраќањсе на состанокот на Северноатлантскикот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32-те земји членки на НАТО.
На маргините на Самитот таа ќе оствари повеќе билатерални средби со шефови на делегации на дел од земјите членки на НАТО.
На дводневниот Самит во Анкара се собрани лидерите од 32-те земји членки на Северноатлантската алијанса, меѓу кои претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, канадскиот премиер Марк Карни, финскиот претседател Александар Стуб, словачкиот претседател Петер Пелегрини, албанскиот премиер Еди Рама, бугарскиот премиер Румен Радев, црногорскиот премиер Милојко Спаиќ и многу други.
Присутни се и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
