Џонсон летуваше на Карибите кога Трас поднесе оставка и јавно не објави дали сака да се врати на старата работа. Секретарот за трговија Џејмс Дадриџ изјави во петокот дека Џонсон му кажал дека е подготвен да се кандидира
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон ја има потребната поддршка од гласовите на 100 конзервативци во парламентот и би можел да биде на гласачкото ливче за наследник на Лиз Трас на чело на британската влада, објави политичкиот коментатор на Сандеј Тајмс, Тим Шипман.
Според Ројтерс, во објава на Твитер, тој се повикал на неименуван извор близок на Џонсон, кој беше премиер до 6 септември.
По оставката на Лиз Трас по само шест недели поминати во Даунинг стрит, потенцијалните кандидати почнаа да лобираат во текот на викендот за да обезбедат доволно поддршка за да влезат во трката пред крајниот рок во понеделник, пренесува Ројтерс.
Џонсон летуваше на Карибите кога Трас поднесе оставка и јавно не објави дали сака да се врати на старата работа. Секретарот за трговија Џејмс Дадриџ изјави во петокот дека Џонсон му кажал дека е подготвен да се кандидира.
Во меѓувреме, поранешната министерка за одбрана Пени Мордонт прва официјално ја објави својата кандидатура за претседател на Конзервативната партија, а потенцијални кандидати се и Џонсон и поранешниот министер за финансии Риши Сунак.
Можноста за враќање на Џонсон во владата е прашање што поларизира многу конзервативци, имајќи предвид дека партијата е длабоко поделена по испраќањето на четворица премиери за шест години, оценува Ројтерс.
Процедурата за четврти британски премиер во последните четири години е забрзана да трае само една недела, а според правилата, во првиот круг на гласање ќе можат да излезат само тројца кандидати што се очекува во понеделник попладне.
Името на новиот британски премиер би требало да биде познато до крајот на следната недела.