Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија и пред сѐ добри соседи, велат од МНР
Министерството за надворешни работи упати јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да се забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Бугарија.
„Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла“,
се наведува во реакцијата од македонското МНР.
Северна Македонија и Бугарија, се додава во соопштението, и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија и пред сѐ добри соседи.