Најдобар начин за да се заташка една работа е да се формира комисија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за случајот со докторот Жан Митрев кој го објави ИРЛ.
Вели дека работата на комисијата ќе се разводни, а резултатот можеби никогаш нема да биде објавен.
„Тој што го советувал министерот го советувал погрешно или пак не сакам да констатирам, но ако тоа го направил свесно тогаш можеби во јавноста ќе биде прогласен за соучесник во целиот процес“,
рече Мицкоски, додавајќи дека по документарецот „Нечиста крв“ требало веднаш да се реагира, а не да се формираат комисии.
Вината ја гледа кај актуелните политичари од власта бидејќи, како што рече, единствена цел им била да останат некој ден повеќе на власт за да ги користат привилегиите.
„Мислам дека влегуваат од погрешен чекор во погрешен и само дополтенително забраздуваат во проблемите. Но, тоа е нивна работа. Наша работа е што можеме да поправиме, а потоа да добиеме мнозинство од граѓаните и овие грешки од изминатите пет години да ги санираме“,
рече Мицкоски.
Владата вчера на седница ја усвоо Информацијата на Министерството за здравство според која во понеделникот доставена е ургенција до Лекарската комора по однос барањето да се изврши стручен надзор за лекувањето на пациентот Никола Брезев (како дел од сторијата на ИРЛ), а врз основа на доставената иницијатива за стручен надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).