На барање на Зоран Милески-Кичеец, а по претходен закажан состанок на член на структурите од партијата, имавме состанок и разговаравме поврзано со изборите којшто тогаш се случуваа, а тоа е пред да излезе во јавноста аферата позната како „Рекет“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со „бомбите“ кои излегоа од состанок кој тој го имал со Кичеец.
Тој вели дека интервјуто во кое вели дека немал средба со сега осудениот во „Рекет“, не е прикажано прашањето кое му било поставено, па затоа испаѓа дека не ја кажал вистината.
„Следеше интервју за еден портал во коешто воведното прашање е ’дали вие сте имале инкриминирачка средба со лицето, како што на прес конференции СДСМ ве прозива?’, и тој дел не е прикажан туку е прикажан мојот одговор, и на крајот од мојот одговор следи прашањето од водителот којшто вели дали сте имале таква средба? ќ и јас одговорив дека не сум имал средба, мислејќи на средба којашто мене ме инкриминира“,
објаснуваше Мицкоски.
Тој вели дека е добро што излегле снимките од средбата за да се види дека нема сомневања за негова инкриминација, па повика институциите да поткренат постапка ако има такво нешто.
„Ги охрабрувам уште еднаш институциите во државата, доколку постои основано сомнение за какво било мое инкриминирање или основано сомневање за сторено кривично дело веднаш да поткренат истрага, уште денеска, односно по допрен глас, откако се појавија овие нелегално стекнати материјали. Очекувам истото да го направат за останатите нелегално стекнати материјали кои се појавија или пак можеби ќе се појавуваат во периодот којшто следи, за други политичари и јавни лица“,
повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека на 4 април во премиерскиот кабинет, Заев се сретнал со Кичеец, што е десет дена пред неговата средба.
„Тоа се случува 10 дена пред мојата средба со тоа лице. Се чудам зошто беше толку големо инсистирањето 10 дена потоа тоа лице да се види со мене“,
вели Мицкоски, но потоа не сакаше да коментира дали со тоа сака да каже дека Кичеец е човек на Заев и му бил „уфрлен“.
*Поврзани вести:
Нови „бомби“: Мицкоски и Кичеец договарале соработка за избори
Мицкоски на Фејсбук: Никогаш не сум негирал дека сум се сретнал со Милески