Командирот на Скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски, во изјава за „360 степени“ вели дека пожарот бил пријавен во 20:20 часот, по што на местото интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека станува збор за опожарено патничко возило марка „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице со иницијали М. А. Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
Автомобил вечерва се запали во подземниот паркинг на трговскиот центар „Кам мол“ во скопската општина Ѓорче Петров.

Командирот на Скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски, во изјава за „360 степени“ вели дека пожарот бил пријавен во 20:20 часот, по што на местото интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
„Опожарено е патничко возило. Пожарот е целосно изгаснат, по што екипите по интервенцијата се повлечени во 21:15 часот“,
ни изјави Томевски.
Настанот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во 20:30 часот, а како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „360 степени“, станува збор за опожарено патничко возило марка „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице со иницијали М. А.
Според информациите од МВР, во пожарот нема повредени лица, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дел од медиумите претходно објавија дека посетителите што во тој момент се затекнале во трговскиот центар биле евакуирани, а бил забележан и чад како излегува од вентилацискиот систем на објектот.
