„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со Арбен Таравари попладнево и се разговараше за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка“, ни одговорија од ВМРО-ДПМНЕ за денешната средба на лидерот на партијата со Таравари
Инаку, како што претходно јави ТВ 21, средбата меѓу Мицкоски и Таравари се случила во седиштето на коалицијата „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска попладне се сретнал со еден од предводниците на коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, и доскорешен кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари.

Средбата за „360 степени“ ја потврдија од ВМРО-ДПМНЕ.
Во краткиот одговор на нашите прашања, оттаму велат дека на средбата Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка.
Средбата доаѓа на два дена пред парламентарните и вториот круг на претседателските избори во кои за функцијата шеф на државата силите ќе ги одмерат кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силајновска-Давкова и актуелниот претседател на земјата и адут на СДСМ, Стево Пендаровски.
„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со Арбен Таравари попладнево и се разговараше за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка“,
ни одговорија од ВМРО-ДПМНЕ за денешната средба на лидерот на партијата со Таравари.
Инаку, како што претходно јави ТВ 21, средбата меѓу Мицкоски и Таравари се случила во седиштето на коалицијата „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

На прашање на ТВ 21 за што се разговарало на средбата и зошто на неа не биле присутни другите лидери на коалицијата, од „Вреди одговориле дека сите лидери се во целосна координација, а не биле присутни поради активностите на терен.
„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“,
рекле од „Вреди“ за ТВ 21.

Инаку, Мицкоски вечерта по првиот круг од претседателските избори што се одржа на 24 април изјави дека му се јавил Таравари, кој беше еден од седумте кандидати за шеф на државата, за да му честита за учеството на претседателските избори и да му посака успех на парламентарните и иднина во власта.
Од ВМРО-ДПМНЕ нема информација дали на средбата било разговарно и на тема околу уставните измени, што коалицијата „Вреди“ ги посочува како еден од условите за евентуална нивна партиципација во идната влада.
Мицкоски во интервјуто за „360 степени“, емитувано на 29 април на МРТ 1, рече дека досега не се водени разговори со коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, на тема уставни измени.