Акцијата е под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), од каде повеќе детали најавуваат по нејзиното завршување
Повеќе лица се приведени во акција што на повеќе локации во Скопје ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Акцијата е под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а приведените лица се сомничат за сторени кривични дела од областа на тероризмот.
Подетални информации за случајот, од ОЈО ГОКК најавуваат по завршувањето на акцијата на безбедносните служби.
Инаку, дел од медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации од извори во безбедносните служи, пишуваат дека наводно станува збор за група од околу пет лица, која се занимавала со лихварство, индоктринација и поттикнување тероризам.
Според неофицијалните информации на „Слободен печат“, при претресите било пронајдено знаме на терористичката организација „Исламска држава“, оружје и муниција.
