Тој нагласи дека уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа, според него, е газење на достоинството и интегритетот на државата и погазување на суверенитетот
Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има, порача денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, по завршувањето на седницата на која се расправаше за уставните измени.
„После цела година сеење магла од страна на власта излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 проценти од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат“,
рече Мицевски.
Тој нагласи дека уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа, според него, е газење на достоинството и интегритетот на државата и погазување на суверенитетот.
„Власта е развластена, не само поради тоа што не пројдоа уставните измени, туку и поради тоа што ја упропастија државата. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре државата. Оваа власт е проблемот, а решението за тоа се избори. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има бидејќи власта е делегитимирана“,
рече Мицевски.