Проектот предвидува техничка поддршка, размена на експертиза, организирање обуки и развој на механизми за поефикасна примена на принципите на еколошката правда. Ќе бидат формирани и управни и советодавни тела кои ќе обезбедат координирано и транспарентно спроведување на активностите
Предвидено е двете институции да соработуваат со француските партнери на зајакнување на националните капацитети и приближување на земјата кон европските практики во областа на заштитата на животната средина и пристапот до правда
Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со француските институции „Експертиза Франција“, Француската агенција за развој (АФД) и Амбасадата на Франција во земјава, со што е потврдена заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда.

Како што информираат од Министерството за правда, меморандумот ја воспоставува рамката за спроведување на регионалниот проект „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence), чија цел е подобрување на пристапот до правда и зајакнување на учеството на јавноста во прашања поврзани со животната средина во Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, во согласност со европските стандарди и законодавството на Европската Унија.
„Со потпишувањето на документот, институциите ја потврдуваат својата посветеност на јакнење на владеењето на правото во областа на животната средина, унапредување на институционалните капацитети и поттикнување на поширока вклученост на граѓаните во процесите на носење одлуки што влијаат врз животната средина и климатските политики“,
се вели во соопштението од Правда.
Проектот предвидува техничка поддршка, размена на експертиза, организирање обуки и развој на механизми за поефикасна примена на принципите на еколошката правда.
Во рамките на соработката, според Правда, ќе бидат формирани и управни и советодавни тела кои ќе обезбедат координирано и транспарентно спроведување на активностите.
Предвидено е двете институции да соработуваат со француските партнери на зајакнување на националните капацитети и приближување на земјата кон европските практики во областа на заштитата на животната средина и пристапот до правда.
