Милорад Додик вчера и официјално беше утврден за нов претседател на Република Српска откако заврши пребројувањето на гласовите за претседател и потпретседатели по што беше утврдено дека најмногу гласови добил кандидатот на СНСД
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на крајот на денешната седница на Претседателството, се прости од бошњачкиот и од хрватскиот колега, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ со зборовите:
„Мило ми е што повеќе нема да се гледаме“.
Во Сараево денеска се одржа седница на Претседателството на БиХ, на која Џаферовиќ и Комшиќ одбија да ги вклучат во дневниот ред предлозите на Додик меѓу кои и предлогот за пристапување на БиХ во иницијативата „Отворен Балкан“.
Милорад Додик вчера и официјално беше утврден за нов претседател на Република Српска откако заврши пребројувањето на гласовите за претседател и потпретседатели по што беше утврдено дека најмногу гласови добил кандидатот на СНСД.
Фото: РАС Србија