Извештајот за пребројувањето на гласовите беше усвоен на денешната 73. седница на ЦИК на Босна и Херцеговина
Заврши пребројувањето на гласовите за претседател и потпретседатели на Република Српска, по што беше утврдено дека најмногу гласови добил кандидатот на СНСД, Милорад Додик, рече Вања Бјелица-Прутина на седницата на Централната изборна комисија (ЦИК), пренесе Кликс.ба.
Извештајот за пребројувањето на гласовите беше усвоен на денешната 73. седница на ЦИК на Босна и Херцеговина.
Во претходниот период беа преброени гласовите од повеќе од 2 000 избирачки места за ниво на претседател на РС, при што беа констатирани различни неправилности, како погрешно пакување гласачки ливчиња и вреќи, недостиг на вреќи, фалсификувани гласачки ливчиња и слично.
За сите неправилности е известено Обвинителството на Босна и Херцеговина.
Опозицијата од Република Српска побара пребројување на гласовите поради сомневање за изборна кражба и верување дека нивниот кандидат Јелена Тривиќ е победник на изборите.