Покрај избор на тројца нови членови на партиското извршно тело, Централниот комитет на партијата ги потврди и одлуките за избор на над 30 претседатели на општиниските комитети на ВМРО-ДПМНЕ што претходно вечерва на седница ги усвои Извршниот комитет
Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ги избра Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев за нови членови на Извршниот комитет (ИК) на партијата.

Миле Лефков и Зоранчо Јованчев се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот парламентарен состав, а Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на Општина Гази Баба.
Покрај избор на тројца нови членови на партиското извршно тело, Централниот комитет на партијата ги потврди и одлуките за избор на над 30 претседатели на општиниските комитети на ВМРО-ДПМНЕ што претходно вечерва на седница ги усвои Извршниот комитет.
„Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети. ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво“,
се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение имињата на новите претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ:
Од Изборната единица 4:
1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски
2. Демир Капија – Андон Дрнев
3. Неготино – Павлинче Честојнова
4. Кавадарци – Тони Нешковски
5. Гевгелија – Димитар Вегов
6. Валандово – Јулија Тушевска
7. Богданци – Марјан Пеев
8. Дојран – Илија Тентов
9. Струмица – Методија Пасков
10. Босилово – Мито Андонов
11. Ново Село – Петар Марков
12. Василево – Славе Андонов
13. Конче – Ацо Митев
14. Радовиш – Бојан Митевски
15. Могила – Драганчо Саботковски
16. Кривогаштани – Александар Богданоски
Од Изборната единица 5:
1. Демир Хисар – Ненад Шундовски
2. Долнени – Сашко Велјановски
3. Крушево – Пеце Стојчески
4. Ресен – Кире Божиновски
5. Охрид – Сашо Донев
6. Дебарца – Златко Силјановски
7. Струга – Ален Деребан
8. Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски
9. Дебар – Афет Амедоски
10. Центар Жупа – Денис Хасан
11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери
12. Пласница – Луме Адемоглу
13. Боговиње – Алишериф Синани.
Денешните седници на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат во пресрет на најавената владина реконструкција најавена кон крајот на месецов на која, како што повеќепати досега најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе ѝ претходи внатрепартиска прераспределба.
