Конечно, преговорите за пристапување во ЕУ треба да започнат без никакви дополнителни одложувања, вели поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник
Горд сум на Македонците, порача поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник и претседател на комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Михаел Рот.
„Многу сум горд на Македонците!!! Бугарија повторно и повторно ја уценуваше Северна Македонија, ЕУ не ги одржа своите ветувања. Сега е можен пробив! Конечно, преговорите за пристапување во ЕУ треба да започнат без никакви дополнителни одложувања. Храброто лидерство е клучно од двете страни“,
пишува Рот.
I’m so proud of the Macedonians!!!Bulgaria blackmailed 🇲🇰 again and again, EU didn’t keep its promises. A breakthrough is possible now! Finally EU accession talks have to start without any further ado. Brave leadership is key on both sides. 🇲🇰🇪🇺🇲🇰🇪🇺
— Michael Roth MdB 🇪🇺🇺🇦 (@MiRo_SPD) July 16, 2022
Неговата порака доаѓа откако пратениците со 68 гласа „за“ и ниту еден „против“ ги изгласаа заклучоците за Информацијата за предлог-преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ).
Пораки претходно пристигнаа и од Брисел и од Вашингтон. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел порача дека денешното гласање по поплочува патот за првата Меѓувладина конференција веќе наредната недела, а со слична порача излезе и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Се овозможува, твитна таа, брзо отворање на преговорите. Според Лајен, ова била историска можност и Северна Македонија ја искористила.
И еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се огласи на социјалните мрежи. Се радуваме, рече тој, на отворањето на пристапните преговори во вторник, кога ќе се сретнеме во Брисел на првата Меѓувладина конференција.
Со писмена изјава излезе и американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Во изјавата тој наведе дека САД ги препознава тешките размени кои се направени со овој компромис, но кој ги признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик. Одлуката на македонското Собрание, според него, дојде во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа.
*Поврзани вести:
- Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата
- Интегрално заклучоците за францускиот предлог што ги усвои Собранието
- Брисел го поздравува исходот во Собранието – за идната недела најавува одржување на првата Меѓувладина конференција
- Блинкен ја поздрави одлуката на пратениците: Ова доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа
- Ковачевски упати честитки: Нема поголем патртиотизам од поддршката за просперитет на земјата
- Ахмети: Денеска победи Европска Македонија и прогресивните сили во земјата
- Маричиќ: Достоинствено, одговорно и мудро денес правиме чекор кон ЕУ