По разрешувањето на Коста Начевски, за директор е назначен Јане Мицевски
Јане Мицевски е нов вршител на должност директор на јавното претпријатие „Дрисла“, со одлука на новата градоначалничка на Скопје, а разрешување на досегашниот в.д. директор, Коста Начевски.
Градоначалничката Данела Арсовска денеска за вршител на должноста директор на ЈП депонија „Дрисла” го назначи Јане Мицевски, дипломиран економист, со повеќегодишно работно искуство на раководни позиции, соопшти прес-службата на град Скопје.
Оваа промена на раководната позиција на ЈП „Дрисла“, како што се наведува, доаѓа по разрешување на Коста Начевски од вршител на должноста директор на ова претпријатие.