Поразената на претседателските избори во Франција, Марин Ле Пен, се обрати веднаш по објавата на излезните анкети, според кои освои 41,8 насто од гласовите, додека актуелниот претседател на Франција, Емануел Макрон, освои 58,2 насто.
„Сакам да се заблагодарам на сите кои гласаа за нас и во првиот и во вториот круг. Особено на оние во руралните делови и во странство. Тие се знак на Франција која е често заборавена и продолжуваме да се бориме. Воопшто немам чувство на срам или разочарување. Оние кои сакаат да го видат исчезнувањето на нашата партија, тоа нема да се случи. Сакам да му порачам на Макрон и неговата партија дека ќе бидеме тука да се бориме за правата на граѓаните и да се спротиставиме на пензиската реформа. Макрон ќе креира нови поделби во нашата земја, а јас сакам да работам на обединување на граѓаните“,
рече Ле Пен.
Таа најави и нова битка против Макрон, а тоа е на претстојните парламентарни избори во следните неколку недели.