Американскиот претседател смета дека иранските преговарачи дека ги одолговлекуваат разговорите и избегнуваат конкретни договори. Според него, Иран е поагресивен отколку пред американските избори
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) би можеле да ги продолжат воените операции против Иран по Нова година доколку не биде постигнат договор меѓу Вашингтон и Техеран. Оцени дека тековните индиректни преговори не даваат конкретни резултати.

Во интервју за „Фоксњуз“, Трамп рече дека разговорите со Иран продолжуваат, но дека двете страни се заглавени во преговори и ограничени напади, без да се стави крај на конфликтот.
„Ќе ја продолжиме војната против Иран по Нова година ако не биде постигнат договор“,
порача Трамп, додавајќи дека засега нема индикации оти Техеран е подготвен да постигне договор.
Американскиот претседател смета дека иранските преговарачи дека ги одолговлекуваат разговорите и избегнуваат конкретни договори. Според него, Иран е поагресивен отколку пред американските избори.
Трамп се осврна и на американската поморска блокада на иранските пристаништа, предупредувајќи дека американските сили ќе потопуваат ирански бродови доколку се обидат да ја пробијат блокадата.
„Ако се обидат да ја пробијат, ќе завршат на дното на морето, како и остатокот од иранската морнарица“,
рече Трамп, додавајќи дека американските сили ќе отворат оган врз бродовите што ќе се обидат да ја тестираат блокадата.
Изјавите доаѓаат во услови на продолжени судири меѓу американските и иранските сили, зголемени тензии во Ормускиот Теснец и меѓусебни воени напади.
