Македонските камионџии кои беа заглавени на италијанско-словенечката граница, откако официјална Љубљана ги затвори премините, излегле од Италија и се на пат кон земјава.
Камионите предмалку транзитирале низ Словенија и влегле во Хрватска.
Министерството за надворешни работи информира дека по контактите на дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб со словенечките и хрватските власти, обезбеден е транзитен камионски транспорт со полициска придружба преку словенечка територија до крајната дестинација – Република Северна Македонија.