„Сметам дека треба да имаме продолжување на конгресот за многу брзо време. Има посебна работна група која работи на отчетниот конгрес. Покрај извештајот, таму има и многу други точки на дневен ред за кои треба да дискутираме. Само едно имам да кажам, дека конгресот на СДСМ е демократско начело и таму секој делегат може да каже што мисли и се надевам дека ќе има помалку критизери, а повеќе добронамерни критичари“, вели заменик-претседателка на СДСМ и актуелна директорка на Управата за јавни приходи (УЈП)
Не би рекла дека станува збор за конгресен дебакл. Имавме отчетен конгрес на кој ги посочивме грешките спакувани во еден обемен извештај. Од општинските организации беше побарано повеќе време со цел да може да се анализираат податоците од извештајот.
Ова денеска го изјави заменик-претседателка на СДСМ и актуелна директорка на Управата за јавни приходи (УЈП) во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, за вчерашниот партиски отчетен конгрес на СДСМ, кој вчера почна, па беше прекинат, бидејќи општинските организации на партијата побарале време да го анализираат и да се произнесат на ниво на општински изборни штабови и организации за обемниот материјал на извештајот кој бил презентиран од страна на шефот на изборниот штаб и генерален секретар на партијата Миле Зечевиќ.

Оттаму изјавија дека конгресот на СДСМ ќе продолжи откако општинските организации ќе се произнесат за извештајот за претседателските и парламентарните избори, а за терминот дополнително ќе се утврдува.
Според неа, одлагање на конгресот не може и не треба да се смета за преседан, како што посочи, нешто што многумина тоа така го толкуваат. Сепак, рече и дека за многу работи кога СДСМ бил засегнат имало и многу шпекулации.
„Ако имаме простор за дебата. И ако одредени делегати имаат потреба да го доанализираат и допрецизираат извештајот. Можеби има одредени сегменти кои во извештајот не се одредени. Можеби има уште простор за критика. Не сметам дека ова е нешто што би било аларм. Шпекулации има многу. Но, исто така после војна има и многу генерали“,
рече таа.
Во извештајот, вели таа, како нивна грешка е изразена неконзистентноста на некои политики или, пак, пренагласеноста не некои нивни стратегии и визии.
„Различни тези, различни проекти во различни изборни единици. Бевме фокусирани на одредени теми кои можеби не беа вистинскиот наратив кој требаше да го презентираме пред граѓаните. Одредени забелешки и од самите штабови во кампањата е тоа дека имаме самобендисанот, недопирливост, неизлегувањето во пресрет на одредени егзистенцијални потреби кои ги има членството. Порано велеа СДСМ е еден вид клиентелистичка затворена партија, која од високо ги гледа работите. Тоа не смееше да биде една од причините за поразот“,
рече таа.
Лукаревска рече дека СДСМ ќе биде жива партија, дека има голем број членови и поддржувачи, како и дека досега имал квалитетни лидери.
„Имало смена на генерации. И сега ќе треба да дојдат млади генерации за да ги направат оние неопходни промени во СДСМ. Тие кои ја имале честа да бидат на функција треба да бидат поддршка“,
вели таа.
Според неа, одложениот отчетен конгрес на партијата очекува да биде завршен до 30 јуни, односно пред внатрепартиските избори за нов претседател.
„Сметам дека треба да имаме продолжување на конгресот за многу брзо време. Има посебна работна група која работи на отчетниот конгрес. Покрај извештајот, таму има и многу други точки на дневен ред за кои треба да дискутираме. Само едно имам да кажам, дека конгресот на СДСМ е демократско начело и таму секој делегат може да каже што мисли и се надевам дека ќе има помалку критизери, а повеќе добронамерни критичари“,
вели таа.
Вчерашниот 29. конгрес на СДСМ на кој партиските челници требаше да реферираат за тешкиот пораз на изборите на осми мај пред членството е прекинат бидејќи општинските организации на партијата побарале време да го анализираат и да се произнесат на ниво на општински изборни штабови и организации за обемниот материјал на извештајот кој бил презентиран од страна на шефот на изборниот штаб и генерален секретар на партијата, Миле Зечевиќ.
„Предлогот беше поддржан од мнозинството присутни делегати, со што се одлучи конгресот да прекине со работа, да се даде време општинските организации да го анализираат Извештајот, да се произнесат и дадат свој придонес во конечната верзија со забелешки, сугестии и заклучоци“,
изјавија од СДСМ.
Пред започнувањето на конгресот претседателот во заминување Димитар Ковачевски рече дека делегатите треба да се изјаснат за доверба во органите на партијата кои се избрани, но и дека на денешниот конгрес на маса ќе се најдат сите прашања поврзани со изборите и за поразот, како и за работењето и функционирањето на партијата во изминатите четири години.
Вонредните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ ќе се одржат на 30 јуни, а кандидатури за претседател на партијата поднесоа поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.