Двесте невработени лица ќе се ангажираат како помагачи во 27 општини за да им излезат во пресрет на луѓето со попреченост и старите лица при потреба од итни администривни процедури, набавки и друг тип на поддршка
Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) ќе пружи помош на луѓе со попреченост и други ранливи категории во вонредната состојба поради коронавирусот.
Активностите за асистенција на ранливите категории ќе се реализираат во 27 општини со вклучување на околу 200 невработени лица како испорачувачи на услугите за над 1 500 лица крајни корисници. Локалните општински тимови обучени за справување со овој тип на теренски околности и опремени со заштитна опрема, секојдневно ќе работат на терен и ќе обезбедуваат поддршка во секојдневното функционирање, соопшти министерството.
„Министерството за труд и социјална политика ги следи и одговара на потребите на ранливите групи на граѓани. Заедно со УНДП направивме услуга која ќе излезе во пресрет на лицата со попреченост и старите лица. Ќе се започне со подршка на овие лица во 27 општини за олеснување на нивното секојдневно функционирање што вклучува асистенција за реализација на итни администривни процедури, набавки и друг тип на поддршка согласно потребите на лицето“,
велат од Министерството за труд и социјална политика.
Луѓето со попреченост и старите лица, доколку имаат потреба, може да добијат и поддршка во домот.
*поврзана вест: Луѓето со попреченост ослободени од работа во државните институции, за фирмите иста препорака
*поврзана вест: (ВИДЕО) Македонија далеку од општество еднакво за сите