Според Левица, СДСМ во текот на целата дебата за Изборниот законик не изградил ниту една препознатлива политичка позиција за суштинските прашања и наместо да објаснат дали се за една изборна едница со што Македонија би добила поправеден изборен систем, од „Бихаќка“ се обидуваат дебатата да ја сведат на конспиративни теории
Оттаму оценуваат дека на СДСМ му одговара сегашниот изборен модел бидејќи, според Левица, ѝ нуди на партијата можност политички да преживее
Политичката партија Левица денеска остро реагира на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативниот состанок на опозициските партии што Левица најави дека ќе го иницира за усогласување заеднички став околу измените на Изборнит законик.

Откако од СДСМ иницијативата на Левица ја оценија како театар на јавноста и игра на власта, од Левица возвраќаат дека Социјалдемократскиот сојуз повторно потврдил дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс.
„Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик“,
се наведува во соопштението од Левица.
Оттаму оценуваат дека наместо одговорна и достоинствена реакција и воопшто став за едн изборна единица, СДСМ излегол со соопштение составено од, како што велат од партијата, политичка фрустрација и очајнички обид вниманитето да се пренасочи од темата што најмалку им одговара на социјалдемократите.
Според Левица, СДСМ во текот на целата дебата за Изборниот законик не изградил ниту една препознатлива политичка позиција за суштинските прашања и наместо да објаснат дали се за една изборна едница со што Македонија би добила поправеден изборен систем, од „Бихаќка“ се обидуваат дебатата да ја сведат на конспиративни теории.
Одбивањето на координација, велат од Левица, е директно пропуштање на можноста власта да биде обврзана да прифати заеднички опозициски став.
Прозивајќи го Социјалдемократскиот сојуз, оттаму додаваат дека особено е симптоматично е што партијата која со години тврдеше дека се залага за една изборна едница, дсега одбива дури и да седне да разговара за таква реформа.
„Ако и понатаму се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако повеќе не се, нека имаат доблест да им го кажат тоа на своето членство. Неодговорно е што ваквиот пристап ги продлабочува поделбите меѓу опозициските субјекти токму во момент кога постои реална можност за заедничко дејствување. СДСМ со своето одбивање не ја казнува, туку ја пропушта можноста опозицијата да настапи усогласено и да издејствува подобри изборни правила“,
се вели во соопштението на Левица, објавено на официјалниот фејсбук-профил на партијата.
Оттаму оценуваат дека на СДСМ му одговара сегашниот изборен модел бидејќи, според Левица, ѝ нуди на партијата можност политички да преживее.
„Затоа панично го бранат системот што произведува изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и вештачки политички кислород за партии кои одамна ја загубија довербата кај граѓаните. Се надеваат дека она што повеќе не можат да го добијат од граѓаните, ќе го добијат од изборната математика. Кога некаде нема поделба на плен, амнестии, институции или политички комфор, ним им изгледа како да нема ни причина за средба.
Разбирливо е што не можат да сфатат дека постои партија кои разговара за правила, а не за привилегии. Во нивниот политички универзум, разговорите никогаш не се однесуваат на јавниот интерес. Затоа и не можат да поверуваат дека некој навистина свикува состанок за една изборна единица, а не за политичко пазарење. Толку долго функционираат во логиката на политичките комбинации, што денес секоја иницијатива ја мерат според сопствените навики“,
наведуваат од Левица.

За оваа политичка партија е уште поириночно, тоа што СДСМ која осум години била на власт и, според неа, заедно со ВМРО-ДПМНЕ по скратена ги донела скандалозните измени на Кривичниот законик со кои, велат, биле амнестирани околу 80 функционери на тогаш опозициската, а сега најголема владејачка партија, денес се обидува да се престави како авангарда на отпорот против политичкиот естаблишмент.
Од Левица, во тој контекст, наведуваат дека е тешко да се глуми револуционер откако си бил архитект на најкотроверзните политички здлеки.
Оттаму се осврнуваат и на резултатите на СДСМ од последните локални избори, одржани лани есента, кои, велат од Левица, покажуваат дека граѓаните веќе му пресудиле на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
„На локалните избори во Скопје во 2025 година, Левица стана најсилната опозициска политичка сила во главниот град, додека СДСМ го доживеа својот најтежок политички пад. Наместо да направат анализа зошто граѓаните им го свртеа грбот, тие повторно бараат виновник во Левица“,
велат од Левица.
На крајот, од Левица велат дека останува само едно прашање што СДСМ упорно одбива да го одговори, а тоа е: Дали е за една изборна единица или не? Се друго, додаваат од Левица, е очајнички обид на Социјалдемократскиот сојуз да го спречи сопственото распаѓање.
Опозициската партија Левица викендов најави дека денеска ќе иницира координативна средба за измените на Изборниот законик меѓу опозициските партии. Оттаму вчера споделија став дека власта ја префрла одговорноста на опозицијата за пропаднатиот обид да се изгради консензус за измени на Изборниот законик. Идејата за средбата ја врамија, меѓу другото, и во тој контекст – опозицијата да ги усогласи ставовите и да изгради единствен предлог.
Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопштија дека нема да учестуваат на координативаната средба бидејќи, како што рекоа, веќе дале јасни и конкретни предлози во Собранието.
„Нема потреба од нови предлози. Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава. Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик. Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората“,
рекоа од СДСМ.
