По претходно добиени пријави, полициски службеници утврдиле дека на сообраќајни знаци, канти за отпадоци и информативни табли во областа Цавтат биле излепени налепници со кирилично писмо до таа мера што знаците ја загубиле својата намена
Тројца македонски државјани се приведени под сомнение дека сториле кривично дело оштетување туѓ имот, извршено минатата недела во областа Цавтат во Хрватска, соопшти тамошанта полиција.

По претходно добиени пријави, полициски службеници утврдиле дека на сообраќајни знаци, канти за отпадоци и информативни табли во областа Цавтат биле излепени налепници со кирилично писмо до таа мера што знаците ја загубиле својата намена. Дента кога полицијата ја примила дојавата, биле пронајдени двајца осомничени, а третиот осомничен бил пронајден следниот ден, на 30 мај, на аеродромот.
Станува збор за мажи на возраст од 23, 25 и 26 години, кои имаат редовно живеалиште во Република Хрватска. Тие биле спроведени во полициска станица, а потоа предадени на притворската единица Дубровник-Неретва.
