Од МВР информираат дека покрај проверката во училиштето каде денеска имаше дојава за поставена експлозивна направа, која по извршените проверки било утврдено дека е лажна, превентивно биле евакуирани и други училишта во Скопје и дека во тек се детални проверки и на овие објекти. Засега нема информации за колку и кои училишта станува збор
Полициските тимови на Министерството за внатрешни работи по извршените антитерористички проверки утврдиле дека и денешната пријава за поставена бомба во едно скопско средно училиште е лажна, соопштија попладнево од Министерството.

Оттаму додаваат дека превентивно биле евакуирани и други училишта во Скопје и дека во тек се детални проверки и на овие објекти. Засега нема информации за колку и кои училишта станува збор.
„Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил-адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти“,
стои во соопштението на МВР.
Според неофицијалните информации, денешната дојава била овој пат дојавата е во СУГС „Никола Карев“ кое и изминатите два дена беше на листата на училиштата каде што екипи на МВР и антитероризам вршеа проверки.
Ова е трет ден како на електронска адреса се испраќаат пораки за поставени бомби. Во изминатите два дена, по направените проверки од страна на МВР, беше утврдено дека пријавите се лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека истрагата за дојавите за бомби во скопските средни училишта е во тек, и дека се познати првичните информации од каде се испратени мејловите.
„Истрагата е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие мејлови. Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП-адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и на сите нас, ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија”,
истакна министерот Спасовски и додаде дека пред неколку дена се случи лажна дојава во ЈСП Скопје, а сега се случува во училиштата и ако станува збор за некаква политичка пресметка, таа не смее да се прави врз грбот на граѓаните.