Подготвен сум и секогаш заинтересиран за дијалог за договор, за целосна нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија, напиша Курти на Фејсбук

Косовскиот премиер Албин Курти вечерва најави дека утре на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе отпатува во Париз за да учествува на Форумот за мир и ја најави можноста за трилатерална средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој исто така е поканет.
„Подготвен сум и секогаш заинтересиран за дијалог за договор, за целосна нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија“,
напиша Курти на Фејсбук.
Тој додаде дека на маса има два предлози, неговиот за општата рамка на договорот претставен на средбата на 18 август 2022 година во Брисел, како и француско-германскиот предлог поддржан од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
„Принципилен дијалог со другите, владеење на правото еднакво за сите, мир и безбедност на целата територија, одат заедно“,
вели Курти.
Денеска во јавноста протече француско-германскиот предлог кој предвидува конечен договор за нормализација на односите во преговорите меѓу Белград и Приштина.
Порталот Нова.рс добиле увид во содржината на овој документ кој се состои од вкупно девет точки, а целта му е целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Според сознанијата на порталот верзијата до која имале пристап ќе подлежи на измени и дополнувања во текот на преговорите меѓу двете страни.