Оттаму апелираат политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура, а политичките разлики и партиските конфронтации да не се водат на сметка на владеењето на правото и институциите задолжени за заштита на уставниот поредок
„Наместо да повикуваат на протести насочени дирекно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните“, додаваат од Судот
Од Уставниот суд преку писмено соопштение упатија остри критики кон обидите за груба партизација и политизација на работата на Судот од страна на одредени политички партии, кои ги користат неговите одлуки, активности и меѓународна соработка за дневнополитички цели.

Се посочува дека унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд е ставено во политички контекст и искористено за партиски пресметки и стекнување политички поени.
„Меѓународната соработка била и ќе остане една од стратешките определби на Судот и претставува составен дел од неговото институционално дејствување. Оваа година, како и претходно, Уставниот суд интензивно работи на афирмирање на својата меѓународна позиција, при што има склучено три Меморандуми за соработка и разбирање со сродни институции, односно со Уставниот суд на Република Косово, со Врховниот Уставен суд на Арапската Република Египет и пред два дена, со Уставниот суд на Република Србија. Дополнително, на Судот му е доверено да претседава оваа година со Балканскиот форум на уставни судови и да го претставува на значајни меѓународни настани“,
се вели во соопштението од Судот.
Дополнително, Судот посочува дека годинава му е доверено претседавањето со Балканскиот форум на уставни судови, како и претставувањето на форумот на значајни меѓународни настани.
Оттаму велат и дека установата останува доследна на својата уставна надлежност и независност, додавајќи дека нема да подлегне на политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација, туку ќе продолжи со зајакнување на меѓународната соработка.
Од Судот апелираат политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура, а политичките разлики и партиските конфронтации да не се водат на грбот на владеењето на правото и институциите задолжени за заштита на уставниот поредок.
„Независноста и кредибилитетот на Уставниот суд се вредности што треба да бидат заеднички интерес на сите општествени чинители“,
додаваат оттаму.
Уставниот суд ги отфрла и квалификациите дека неговите одлуки се неуставни или незаконски, посочувајќи дека согласно член 112 од Уставот, одлуките на Судот се конечни, извршни и општозадолжителни.
„Наместо да повикуваат на протести насочени дирекно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните“,
велат од Судот.
Оттаму посебно нагласуваат дека за нив не е релевантно кои се имињата на улици, училишта, инфраструктурни објекти и други локации, бидејќи тоа се политички одлуки кои не се предмет на нивна оценка.
Клучно за Судот, како што посочуваат, е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка.
„Доказ за ваквото објективно и независно работење на Уставниот суд, базирано исклучиво врз оцена на уставноста и законитоста на прописите донесени од сите власти во државава се и одлуките за законитоста на постапката за преименување на улиците во Чаир. (https://ustavensud.mk/archives/32056 и https://ustavensud.mk/archives/20991)“,
посочија оттаму.
Од Судот ги повикуваат сите политички чинители на одговорност и воздржаност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на институцијата која е чувар на Уставот и уставно-правниот поредок на државата.
Седницата на Советот на Општина Тетово, на која треба да се расправа за иницијативата за повторно именување на улиците откако Уставниот суд укина дел од претходните одлуки, е закажана за утре, а темата веќе предизвика нови меѓусебни обвинувања меѓу ДУИ и ВЛЕН.
Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопштија дека повод за вчерашниот протест е одлуката на Уставниот суд за именувањето на улиците во Тетово, додавајќи дека незадоволството е пошироко бидејќи, како што велат, постои и загриженост поради намалување на правата и механизмите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор
На 26 јуни во Тетово се одржа протестен марш против одлуката на Уставниот суд со која беше укинато преименувањето на дел од улиците и градскиот плоштад, која беше донесена во 2007 година од тогашниот состав на Општината.
Протестниот марш дојде на повик на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), чиј огранок во Тетово пред неколку дена донесе одлука за негово одржување, а на собир против одлуката на Уставниот суд повика и лидерот на партијата, Али Ахмети.
