Во описот на случајот од полицијата велат дека вчера околу 15 часот пред угостителски објект во селото Сарај се случила физичка пресметка меѓу двајца малолетници. По кратко време, пред продажен објект, 14-годишникот се сретнал со 16-годишникот, кој го нападнал со остар предмет и му нанел тешка телесна повреда. Повредениот возвратил со тврд предмет, при што и на 16-годишникот му е нанесена повреда
Рано утрово околу 1:35 часот во полиција е приведен 16-годишникот, каде во присуство на родител и адвокат со него е извршен службен разговор
Приведен е шеснаесетгодишник што со остар предмет нападнал друг малолетник по претходна расправија во скопското село Сарај, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот е пријавен вчера на 11 јули околу 15 часот дека пред угостителски објект во селото Сарај е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу двајца малолетници.
„По кратко време, пред продажен објект, 14-годишникот се сретнал со 16-годишникот, кој го нападнал со остар предмет и му нанел тешка телесна повреда. Повредениот возвратил со тврд предмет, при што и на 16-годишникот му е нанесена повреда“,
велат од полицијата во описот за случајот.
Рано утрово околу 1:35 часот во полиција е приведен 16-годишникот, каде во присуство на родител и адвокат со него е извршен службен разговор.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
