Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги отфрли руските тврдења дека јужниот град Мариупол сега е под целосна руска контрола.
Во директен пренос на Твитер, тој рече дека челичарницата Азовстал, која останува последното место од градот каде украинските борци даваат отпор, сè уште се држи.
Руските сили секојдневно ги напаѓаат борците и цивилите таму, вели тој, со бомбардирање и артилериски оган и истакна дека евакуацијата треба да продолжи.
„Неодамнешната евакуација на група цивили, под покровителство на ОН, од индустрискиот комплекс докажува дека таму каде што има политичка волја на Русија, овој механизам може да работи“,
рече Кулеба.
Тој истакна дека сепак преостанува уште многу работа за да бидат ослободени и останатите цивили во фабриката Азовстал.
„Но, гледаме дека тие не сакаат да ги пуштат луѓето да си одат, и секој следен потег бара многу работа … и голем притисок врз Русија“,
нагласи Кулеба.