Во врска со шпекулациите за враќање на бугарското вето за евроинтегративниот процес на земјава, европратеникот и известувач за С Македонија во Европскиот парламент вели дека тоа би била огромна грешка и дека овој тип провокации започнале од првото вето (во 2019 година н.з.)
Прашан како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и претставници на јавноста да присуствуваат на настанот поврзан со чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари Ќучук е дециден: „Нема шанси европските институции да го охрабрат ваквото однесување на македонските власти. Ниту Брисел ниту Стразбур не можат да го прифатат ова како нормален пристап“
Враќањето на ветото од страна Бугарија кон Република Северна Македонија во рамките на евроинтегративниот процес би било огромна грешка, вели европратеникот од бугарската Обнови ја Европа и известувач за земјава во Европскиот парламент во интервју за БНР.
„Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше на добрососедските односи. Напротив, овој тип провокација започна, повеќе или помалку, од самото вето“,
вели тој.
Во врска со претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, европратеникот вели дека е чин за осуда посочувајќи дека тоа го покажале и европските институции.
Тензијата што овој настан повторно ја предизвика во односите меѓу Софија и Скопје, Ќучук ја дефинира како висока и додава дека не стивнува во многу правци.
Во тој контекст, бугарскиот европратеник и известувач за С Македонија во Европскиот парламент, прогнозира дека на билатерален план претстои непродуктивна година.
„Билатерално ќе имаме многу бурна, непродуктивна година“,
очекува Ќучук.
Прашан како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и претставници на јавноста да присуствуваат на настанот поврзан со чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, Ќучук е дециден:
„Нема шанси европските институции да го охрабрат ваквото однесување на македонските власти. Ниту Брисел ниту Стразбур не можат да го прифатат ова како нормален пристап“,
Од гледна точка на историската меморија, тензичните односи меѓу Скопје и Софија не се нешто ново, истакнува Ќучук.
„Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново“,
вели европратеникот.
Темата за ветото како можен одговор на Софија на последните случува во односите со С Македонија, во реториката на бугарските политички кругови ја врати министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков кој по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската Унија во понеделникот.
Како што ја пренесоа бугарските медиуми изјавата на Милков тогаш, тој рекол дека не е исклучено Бугарија во иднина да го искористи правото на вето во однос на С Македонија додавајќи дека засега тоа не треба да се случи.
Очекувано, најгласен во барањето за враќање на ветото беше европратеникот Ангел Џамбаски, за кого, без да го именува македонскиот претседател Стево Пендаровски, ѝ предложи на Владата да му забрани влез во земјава.