Македонија била и е бугарска, а Северна Македонија е друго – тоа е заслуга на Тито, вели европратеникот откако вчера Пендаровски соопшти дека за него и други бугарски државјани ќе побара од Владата забрана за влез во државата
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски преку социјалните мрежи му одговори на претседателот Стево Пендаровски кој вчера предложи забрана за негов влез во земјава и уште неколку бугарски државјани.
Забраната, вели Џамбаски, нема да ја избрише вистината дека Македонија била и е бугарска.
„Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа. За тоа заслугата е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината!“,
пишува Џамбаски.
Шефот на државата Стево Пендаровски вчера по седницата на Советот за безбедност соопшти дека ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги презеле и сè уште ги преземаат против нашата држава.