Од пожарот се зафатени и оштетени површини што им припаѓаат на девет сопственици на катастарски парцели во селото Бигла
Поднесена е кривична пријава против делчевец за предизвикување шумски пожар во делчевското село Бигла, информираат од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.

Според полицијата, кривичната пријава е поднесена против В.М. (60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност.
„На 7 април во местото викано ‘Тафрачко маало‘ во селото Бигла, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар“,
се вели во полициското соопштение.
Од пожарот се зафатени и оштетени површини што им припаѓаат на девет сопственици на катастарски парцели во селото Бигла.
Надлежните органи продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.
