„Газпром“ вчера соопшти дека од денеска престанува со испорака на гас до бугарската компанија „Булгаргаз“ и полската ПГНиГ, поради неплаќање во рубли
Кремљ негираше дека го користи снабдувањето со гас на други земји како уцена откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ ја прекина испораката на гас во Полска и Бугарија.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, рече дека Русија е сигурен снабдувач со енергенси и дека не се занимава со уцени, пренесува Ројтерс.
Тој одби да каже колку земји прифатиле да го плаќаат рускиот гас во рубли во рамките на декретот кој минатиот месец го издаде рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Гардијан“.
Десет европски купци на руски гас отворија сметки кај банката на „Газпром“, а четири веќе го платиле гасот во рубли, пренесе „Блумберг“ повикувајќи се на свои извори.
Меѓутоа, ако другите купци ги одбијат барањата, Кремљ по сценариото на Полска и Бугарија ќе ја прекине испораката на гас.
„Газпром“ вчера соопшти дека од денеска престанува со испорака на гас до бугарската компанија „Булгаргаз“ и полската ПГНиГ, поради неплаќање во рубли. Покрај тоа, компанијата соопшти дека „Газпром“ ќе го намали транзитот кон трети земји, ако тие држави почнат „неовластено да земаат гас од транзитниот тек“, пишува РИА новости.
Рускиот претседател Владимир Путин, по воведувањето многубројни санкции од Западот против Русија, од 1 април воведе нов систем на плаќање на рускиот гас во рубли, за, како што рече, „непријателските земји.