Санкциите што САД ги применуваат за семејството на Путин зборуваат сами за себе и тешко е да се разбере или објасни тој потег, изјави портпаролот Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги коментираше новите санкции што САД ѝ ги воведоа на Русија во семејството на претседателот Владимир Путин.
„Русија дефинитивно ќе одговори. Санкциите што САД ги применуваат за семејството на Путин зборуваат сами за себе и тешко е да се разбере или објасни тој потег“,
рече Песков и додаде дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок со членовите на Советот за безбедност.
Во однос на испраќањето оружје во Украина, Песков смета дека тоа нема да придонесе за напредокот на преговорите кои моментално се водат меѓу Украина и Русија.
„Внесувањето оружје во Украина нема да придонесе за успех на руско-украинските преговори“,
изјави портпаролот на Кремљ оценувајќи дека испораката на оружје ќе има негативен ефект.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, пред денешната средба со неговите колеги од НАТО, упати повик за повеќе оружје од земјите на НАТО за да се спасат животи во неговата земја.
САД вчера воведоа дополнителни санкции кон Русија, овој пат насочени кон ќерките на Владимир Путин – Марија и Катерина.
Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска изјави дека досега против Русија се воведени повеќе од 6 000 санкции.
Поднесувајќи извештај за работата на владата до руската Дума, Мишустин истакна дека санкциите што следувале оваа година биле од невидени размери и дека на Русија и биле воведени повеќе ограничувања од која било друга земја во историјата.
Санкциите се насочени против сите Руси, констатираше премиерот.
Мишустин додаде дека поранешните партнери на Русија се натпреваруваат околу тоа кој попрво ќе воведе рестриктивни мерки и дека целта на санкциите е да се предизвика паника и да се зададе удар врз секој руски граѓанин, а државите кои воведоа санкции се вратија на својата како што ја нарече, „типично пиратска практика“ , со што имаат намера да ја отсечат неговата земја од светот.