На инфективните одделенија во земјава во моментов се лекуваат 694 пациенти, велат од Министерството за здравство, уверувајќи дека во болниците во внатрешноста на државата има слободни болнички легла. Со слични пораки здравствените власти утрово излегоа и за ковид-центрите во Скопје.
„Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“,
велат од Министерството.
Врз основа на дневните извештаи кои ги добиваат, состојбата во болниците во градовите од внатрешноста е следна: Во Охрид се хоспитализирани 96 пациенти, Прилеп 94, Битола 74, Велес 71, Куманово 70, Штип 57, Тетово 47, Кавадарци 42, Гостивар 39, Струга 30, Струмица 22, Кочани 22, Кичево 20 и Гевгелија 10 пациенти.
Од Министерството за здравство велат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
*Поврзани вести:
Вчера во Скопје се хоспитализирани 41 пациент: МЗ тврди дека има болнички кревети
Ковид-19: 18 починати и 1 168 нови случаи од 3 535 тестирања
Скопје има 8 254 заразени со ковид-19: Пет општини се со над 1 000 активни случаи