Министерот за надворешни работи додава дека земјава останува силно посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина и просперитетот на целиот регион
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски им честита на претставниците на Студентската листа за победата на вчерашните предвремени парламентарни избори во Србија и им посака многу успех во, како што вели, преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.

„Искрени честитки до граѓаните на за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните“,
напиша Муцунски во објава на социјалните мрежи.
Министерот додава дека земјава останува силно посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина и просперитетот на целиот регион.
