Во Скопје во моментов има 8 254 заразени со ковид-19, а над 5 000 од нив се лоцирани во пет општини кои се на врвот на листата со најголем број активни случаи.
Аеродром и понатаму го држи првото место со 1 256 активни во моментов. Понатаму следуваат: Гази Баба со 1 151, Карпош со 1 070, Центар со 1 028 и Кисела Вода со 1 021 активен случај.
Од останатите општини, следни на листата се Ѓорче Петров со 680 и Чаир со 500 случаи. Во Бутел има 430, Илинден 199, Шуто Оризари 144, а Сарај 108.
Во останатите, бројката е под 100, па така Чучер Сандево во моментов е со 83 активни случаи, Петровец со 82, Сопиште со 59, Зелениково со 54, Студеничани со 41. Најмалку има во Арачиново – 26.
Во главниот град има и 149 странци кои се позитивни на коронавирусот.
173 случаи, пак, сè уште се распоредени по општини бидејќи не се завршени епидемиолошките анкети.