Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од ковид-19. По градови: Скопје – 25, Куманово – 13, Прилеп – 5, Струга – 1, Битола – 4, Охрид – 1 и Кочани – 4.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица: 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен притисок.
Во ГОБ „8 Септември“ почина 1 лице од Куманово на возраст од 47 години, примено на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.
Почина и пациент од Битола што се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 4, Куманово – 5, Прилеп – 2 и Тетово – 2.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја изнесува 1 399, а последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 475
Куманово – 376
Дебар – 51
Штип – 34
Прилеп – 143
Тетово – 75
Струга – 64
Велес – 66
Битола – 19
Охрид – 15
Кавадарци – 5
Гостивар – 15
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино – 4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 1
Валандово – 1
Виница – 2
Направените 289 теста се преку: ИЈЗ – 226, Ветеринарен факултет – 9 , „Авицена“ –12 ,„Биотек“ – 0, „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 0, „Систина“ со PCR-метода – 38 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 15 409 тестирања за ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен 1 нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на ковид-19.