Извори од вледејачкиот СДСМ за „360 степени“ брифираат дека денеска, додека сѐ уште траел состанокот на Централното претседателство на ДУИ, претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на лидерот Ковачевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието
По одлуката на ДУИ, спикерот Талат Џафери да биде премиер на техничката влада сто дена пред парламентарните избори кои треба да се одржат следната година, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, ќе биде нов претседател на Собранието.
Извори од вледејачкиот СДСМ за „360 степени“ брифираат дека денеска, додека сѐ уште траел состанокот на Централното претседателство на ДУИ, претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ.
Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на лидерот Ковачевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.
Централното претседателство на ДУИ денеска одлучи Талат Џафери да биде премиер на техничката влада 100 дена пред парламентарните избори во 2024 година. Веста на својот фејсбук-профил ја објави портпаролот на партијата и министер за надворешни работи Бујар Османи.
Џафери вечерва се заблагодари на номинацијата и порача дека ќе ја извршува функцијата со почит и одговорност.
„Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должно почитување и соодветна одговорност ќе биде спроведена од моја страна како одговор од поддршката искажана од партиските органи, а пред сè од граѓаните на Република Северна Македонија“,
изјави Џафери.
На одлуката на ДУИ реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што порачаа дека „Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“.
ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери
Како што пред една недела објави „360 степени“, најсериозната варијанта за спроведување на политичкиот договор постигнат меѓу Зоран Заев и Али Ахмети во 2020 година, во пресрет на парламентарните и претседателските избори в година е Талат Џафери од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред избори, а Јован Митрески од СДСМ – нов претседател на Собранието. Со ова решение, според извор на „360 степени” во владејачката коалиција, би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, во случај да не се избере шеф на државата, в. д. претседател би бил етнички Македонец.
Лидерите на парламентарните партии на средба во понеделникот постигнаа договор за датумите за претседателските и парламентарните избори кои треба да се одржат идната година. Првиот круг од трката за шеф на државата ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај. И 24 април и 8 мај 2024 г. се ден среда.