Одговарајќи на новинарско прашање околу случајот со убиството на девојчето Вања, Ковачевски потенцира дека излагањата на министерот за внатрешните работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски покажуваат оти се работи за изолиран случај на криминалци кои треба најжестоко да бидат казнети
Министерството за внатрешни работи и Обвинителството на најпрофесионален начин, на најврвно и посветено ниво успеаја да ги идентификуваат сторителите на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и тие ќе бидат изведени пред казната, изјави денеска по лидерската средба премиерот Димитар Ковачевски. Според премиерот, за вакво грозоморно дело и злосторство следуваат највисоки казни.
Одговарајќи на новинарско прашање околу случајот со убиството на девојчето Вања, Ковачевски потенцира дека излагањата на министерот за внатрешните работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски покажуваат оти се работи за изолиран случај на криминалци кои треба најжестоко да бидат казнети, согласно македонското законодавство.
„Не би сакал да го повторувам тоа што во детали го објаснија и министерот за внатрешни работи и јавниот обвинител, меѓутоа сметам дека според начинот на којшто објаснија со сите детали, експлицитно кажува дека се работи за изолиран случај на злосторници, криминалци, кои треба најжестоко да бидат казнети согласно македонското законодавство“,
рече Ковачевски нагласувајќи дека криминалот има име и презиме.
Тој се заблагодари на медиумите, но и на членовите на специјалниот тим кој беше формиран во МВР, за расветлување на двете убиства.
„Сакам да се заблагодарам и на медиумите коишто информираа за овој случај, но и на сите граѓани коишто споделуваа информации, како и на сите членови на специјалниот тим којшто беше формиран во МВР за расветлување на двете убиства“,
додаде премиерот Ковачевски.
* Поврзани вести:
- Бугарско МВР: Нема информации дека Палевски е на бугарска територија
- (ФОТО) Телма стигна до локациите каде што биле закопани Вања и Панче
- Палевски имал серија кривични пријави, од даночно затајување до илегално оружје и прислушување
- Кој е Љупчо Палевски – првоосомничениот за двојното убиство
- Го однел во Белград на преглед, не знаел дека е вмешан во грабнувањето и убиството на Вања, тврди адвокатот на Палевски
- Првоосомничениот за убиството на Вања заминал од земјава со својот адвокат, прво за Белград, а потоа за Бугарија
- Вања била грабната од влезот на зградата, со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење била ставена во гепек и однесена надвор од Скопје
- Бубевски: Тројца од петтемина осомничени го признаа делото