Говорејќи за односите меѓу С Македонија и Србија, тој истакна дека владите на двете земји во последните четири години направија повеќе од она што било направено во изминатите 30 години. Според македонскиот премиер, Скопје и Белград во моментов имаат најдобри односи, без отворени билатерални прашања. Во тој контекст, Ковачевски го посочи регулирањето на односите меѓу Македонската православна црква–Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Српската православна црква (СПЦ), истакнувајќи дека тоа било последното отворено прашање кое сега е решено со признавањето и вклучувањето во канонско единство на МПЦ
Друга алтернатива освен Европската Унија не постои за просперитетен, стабилен и безбеден регион, порача премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српската телевизија Пинк.
Ковачевски, кој денеска престојуваше во посета на Белград, каде што имаше средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерката Ана Брнабиќ, говорејќи за важноста на евоинтеграциските процеси, го нагласи значењето на инцицијативата Отворен Балкан и на Берлинскиот процес, кои, како што рече, се базирани на европски вредности.
„Иницијативата (Отворен Балкан) се базира на четирите слободи за движење во ЕУ, на кои и самата ЕУ се заснова, а тоа е слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги. Ако ја гледаме само трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија, таа е веќе на ниво од 1,1 милијарда евра. Апсолутно тоа е поради Отворен Балкан, тоа го кажуваат и самите компании”,
истакна премиерот во интервјуто, информираат од владината прес-служба.
Во последните години, посочи Ковачевски, вратите на Европската Унија се отворени за земјите од Западен Балкан повеќе од било кога претходно.
Воената агресија на Русија врз Украина, рече премиерот, ја ставила ЕУ пред одлука во однос на нејзиното влијание и вклученост во процесите на Западен Балкан.
Затоа гледате колкав е фокусот на ЕУ на решавање на сите отворени прашања кои се дел од земјите на Западен Балкан”, рече Ковачевски.
Говорејќи за односите меѓу С Македонија и Србија, тој истакна дека владите на двете земји во последните четири години направија повеќе од она што било направено во изминатите 30 години.
„Сѐ ова што го направивме е направено во последните четири години, а најмногу во последните две години откако е формирана иницијативата Отворен Балкан. Затоа велам дека сето ова е во насока на интеграцијата на регионот. Да не заборавиме како изгледаше Балканот пред 30 години, ова беше регион на војни, на ограничување на движења на луѓето, на конфликти. Денес ние имаме земји како Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, кои се членки на НАТО. Северна Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора се земји кои преговараат со ЕУ”,
истакна Ковачевски.
Според македонскиот премиер, Скопје и Белград во моментов имаат најдобри односи, без отворени билатерални прашања.
Во тој контекст, Ковачевски го посочи регулирањето на односите меѓу Македонската православна црква–Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Српската православна црква (СПЦ), истакнувајќи дека тоа било последното отворено прашање кое сега е решено со признавањето и вклучувањето во канонско единство на МПЦ.
„Врз основа на тоа, се возобновија и чествувањето на празници, како, на пример, во манастирот ‘Прохор Пчински’, каде е одржано првото заседание на АСНОМ. Сето тоа придонесува за зголемување не само на пријателството туку и на размената на туристи, бизниси меѓу државите. Еден податок говори за тоа што се случува кога политичарите имаат добар однос помеѓу себе. Бројот на српски туристи во Северна Македонија во 2021 година во однос на 2020 е зголемен за 250 отсто, а во 2022 година во однос на 2021 е зголемен за 500 отсто. Тоа е огромно зголемување на туристи. Верувам дека ако се направи анализа во Србија, дека бројот на македонски туристи исто така е зголемен”,
истакна премиерот Ковачевски.